Еден од клучните играчи на Милан ги скина лигаментите, ќе паузира до јуни!

352
0

Ужасно лоши вести од Милан, од еден од најсериозните кандидати за титулата во Серија А. Имено Симон Кјаер, интернационалецот од Данска, имал оштетени лигаменти, а се претпоставува дека се работи за вкрстените лигаменти. Кјаер утре би требало да биде подвргнат на операција, а ако се биде во ред тогаш Данецот ќе може да се врати во тимот дури во сезоната 2022/2023. Имено тој ќе треба да паузира се до мај – јуни следната година.

Да кажеме и тоа дека Кјаер се повреди на последниот меч на Милан, вчера на гостувањето во Џенова, каде Миланезите победија со 0:3.

ПретходноЛоша балканска вечер за ТФТ и Академија ФМП
СледноИмето и ликот на Марко Божиновски светнаа во Ново Лисиче