Во натпревар од 15.коло во Серија А, во Торино, истоимениот домашен клуб и Емполи одиграа 2:2. Тоа беше интересен дуел во кој имаше четири голови, но на крајот и двете екипи мораа да се задоволат само по бод.
Почетокого наговести лесна победа на домашните. Имено веќе во 15.минута, со головите на Побега и Пјаца тие имаа водство од 2:0. Сепак во 32.минута шок, Синго беше исклучен и Торино мораше до крајот да игра со играч помалку. Веќе во 34.минута гостите преку Ромањоли намалија на 2:1, а во 72.минута Ла Мантиа израмни на 2:2 со што го постави конечниот резултат на оваа средба во Торино.
ФОТО: FC Empoli Twitter