Кристијан Ериксен според информациите во Данска почнал да обавува што индивидуални што колективни тренинзи со тимот на Оденсе. Тоа е клубот од неговата младост, каде што има минато дел од својата младинска кариера. Затоа, по големата несреќа што му се случи на ЕУРО 2020 каде што колабираше на терен и каде што лекарскиот тим се бореше за неговиот живот, сега Ериксен што се вели почнува од почеток онаму каде што за него веројатно има логика тоа да го направи. Последниот негов клуб Интер, мораше да му се заблагодари за услугите, затоа што во Италија не е дозволено да се игра со вградено срцево помагало, какво што сега Ериксен има па затоа Данецот мораше да си замине.
Ќе видиме каде тој ќе ја продолжи својата кариера, а каде и да биде тоа, тој ќе биде сметан за херој на новото време.