Кавани одлучи каде ќе продолжи!

788

Единсон Кавани на „Олд Трафорд“ стигна минатата година како слободен играч откако му истече договорот со ПСЖ.

Минатата сезона имаше подобра минутажа, постигна 17 голови на 39 меча и се покажа како одлично засилување. Но, по доаѓањето на Кристијано Роналдо го изгуби статусот на првотимец, па неговата минутажа е многу помала во однос а минатата сезона.

Тој во досегашниот дел има одиграно само осум мечеви во сите натпреварувања, постигна само еден гол. Поради сето ова сака да ги замине од „Олд Трафорд“.

Неговиот договор завршува на крајот на сезоната, но целта е да го напушти клубот уште во јануари. Англиски „The Sun“ објави дека Кавани му дал задача на својот менаџер да го раскине договорот со Јунајтед бидејќи неговиот статус нема да се промени.

Неофицијално веќе донел одлука – кариерата да ја заврши во Барселона, тој веќе има договор со нив, останува да видиме дали ќе дојде во јануари или пак дури на лето.

ПретходноПознат е составот: Вардар без Борко Ристовски и Анте Гаџа против Кил
СледноЧави ги собра фудбалерите на заедничка вечера, но на крајот ја плати еден од играчите