Лазаров го објави поширокиот список за ЕП 2022, четворица ракометари отпаднаа бидејќи не ги исполнуваат условите на ЕХФ

1513

Предводникот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров го објави поширокиот список за престојното Европско првенство. Во изборот на селекторот се најдоа 35 имиња, истиот пред стартот на подготовките за континенталното натпреварување кое ќе се одржи во Унгарија и Словачка ќе биде скратен.

Четворица ракометари отпаднаа веднаш поради неисполнување на барањата од страна на ЕХФ за учество на ЕП 2022 година. Добро е познато дека главен услов е ракометарите да бидат вакцинирани или да го имаат прележано Ковид-19.

„Согласно регулативата на EHF за заштита и превенција од COVD-19 за учество на EHF EURO 2022 HUN-SVK, долунаведените
ракометари беа предвидени во списокот но не ги исполнуваат условите за натпреварување :
• ЃОРГОВСКИ ЕМИЛИЈАН РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2
• САВРЕВСКИ ДАВИД РК ВАРДАР 1961
• АТАНАСИЈЕВИЌ ПАВЛЕ РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2
• АТАНАСИЈЕВИЌ ПЕТАР РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2“, се вели во известувањето на официјалниот сајт на РФМ. 


Македонија на ЕП 2022 година групната фаза ќе ја игра во Дебрецин, на стартот на 13. јануари ќе се сретне со Словенија, два дена подоцна ќе ги одмери силите со Црна Гора, на 17. истиот месец ќе се сретне со Данска.

ПретходноФилип Ѓоревски ќе биде новиот извршен директор на МЗТ Скопје!
СледноМеси не се сретнал со Лапорта поради неговиот татко!