Лоша балканска вечер за ТФТ и Академија ФМП

90

Двата македонски претставници вечерва немаа среќа во БИБЛ-лигата. Прв падна ТФТ, откако на гостувањето кај Ибар беше совладан со 79-77 во рамките на шестото коло. За тимот од Тафталиџе ова беше трет пораз во балканското натпреварување, со три победи е на второто место на табелата во групата Б.

Домаќинот одигра добро во третата четвртина ја доби со 35-23, токму оваа разлика се покажа како клучна за крајниот исход.  Амир Смит постигна 20 поени и 5 скока, Еј-Џеј Џон имаше 19 поени и 7 скока.

Академија ФМП пак го запиша третиот пораз, откако беше совладан Од Макаби Хаифа со убедливи 95-73. Тимот од Кисела Вода беше немоќен, на одморот имаше негатива од 49-33, во продолжение успеа минимално да ја добие последната четвртина во која се беше решено.

Избраниците на Александар Петровиќ се на четвртото место во групата со скор од 0-3, веднаш зад Макаби, кој има една победа повеќе.

ПретходноСтоилов и Зира се разделија
СледноЕден од клучните играчи на Милан ги скина лигаментите, ќе паузира до јуни!