Меси не се сретнал со Лапорта поради неговиот татко!

203

Аргентинецот е рекордер по освоени „Златни Топки“, најблизу до него е Кристијано Роналдо кој има пет признанија, три помалку од Лионел Меси.

На свечената церемонија на доделување на наградите во Париз беа поканети многу познати фудбалски лица, меѓу нив и првиот човек на Барселона, Жоан Лапорта. Сите очекуваа двајцата да се сретнат, но тоа не се случи.

Веднаш излегоа шпекулации дека двајцата не се во добри односи по разделбата, но веќе денеска шпанските медиуми пишуваат дека средбата била планирана, но истата не се остварила поради друга причина.

Главен виновник е таткото на Меси, Хорхе, кој му забранил на својот син да се поздрави со Лапорта на кого му е лут, откако не ја продолжија соработката. Поради оваа причина, Меси одлучи да замине во редовите на ПСЖ.

ПретходноЛазаров го објави поширокиот список за ЕП 2022, четворица ракометари отпаднаа бидејќи не ги исполнуваат условите на ЕХФ
СледноПо Манасков, Веспрем остана без уште еден клучен играч