Наполи нема да може да смета на Калиду Кулибали до крајот на годината поради истегнување на мускулот. Централниот дефанзивец може да го пропушти и Африканскиот куп на нации на почетокот на 2022 година. Репрезентативецот на Сенегал се повреди вчера на натпреварот против Сасуоло.
Кулибали ќе закрепне за околу еден месец, но неговото отсуство може да трае околу два месеци. Тој сигурно ќе ги пропушти следните пет натпревари на тимот во Серија А , кои вклучуваат и гостување во Милано. Тешко дека ќе се опорави за гостувањето кај Јувентус на 6 јануари.