Официјално: На мечевите во Бундеслигата само по 15.000 гледачи!

135

Нема веќе дилеми. Германската влада донесе одлука на наредните мечеви во Бундеслигата, почнувајќи од викендов, кога се игра 14. коло, на трибините да има само по максимални 15.000 гледачи. Ова е поради фактот дека короната во последно време и тоа како “дрма“ во таа земја, впрочем како и во цела Европа. Донесени се нови рестриктивни мерки, па и за спортските настани, посебно тука се мисли за фудбалот.

Да кажеме дека ова важи и за саботниот меч во Дортмунд, каде во големото дерби играат истоимениот тим и Баерн Минхен. Претходно вестите беа дека раководството на Дортмунд одлучи да игра пред празни трибини, иако беа продадени 67.000 билети.

ПретходноИмето и ликот на Марко Божиновски светнаа во Ново Лисиче
СледноСопственикот на Евертон застана зад Бенитез