Вардар 1961 вечерва (20:45 часот) му гостува на Кил во рамките на деветото коло во Лигата на шампиони. Македонскиот првак има серија од пет порази во низа, бара излез од кризата на две гола пред крајот од оваа календарска година.
Веселин Вујовиќ и на оваа средба нема да смета на двајца важни ракометари. Во составот го нема Борко Ристовски, на негово место Ал Сафар, додека поради вироза во Скопје остана и Анте Гаџа. На теренот се враќа Моралес, кој имаше повреда.
Првата битка оваа сезона меѓу двата тима му припадна на Кил, кој во Скопје славеше со 26-29.