Спектакл на “Олд Трафорд“: Јунајтед на крилата на Роналдо со триумф, Рангник гледаше од ложата!

348

Спектакл на “Олд Трафорд“ на дерби мечот меѓу Манчестер Јунајтед и Арсенал кој заврши со победа од 3:2 на домашниот тим. Натпревар како што може да се види само во Премиер – лигата.

Арсенал поведе со бизарниот гол на Смит Роув, откако Де Хеа беше се жалеше на повреда, празен беше голот, бадијала се бунеа домашните. Тоа се случи во 13.минута. Во 44.минута Бруно Фернандеш израмни на 1:1, ова беше негов прв гол по 15 меча голгетерски пост, голема беше неговата радост. Инаку ова беше и неговиот 100 натпревар во дресот на Манчестер Јунајтед.

Во 52.минута еуфорија на “Олд Трафорд“, Роналдо стрела за 2:1, погодок бр.800 во неговата кариера. Сепак две минути подоцна Одегард израмнува на 2:2, за молк на трибините.

Роналдо одново во центарот на вниманието, во 70.минута пенал за Јунајтед а Португалецот беше безмилосен за 3:2, ова беше неговиот 801 гол во кариерата. Нема што, Кристијано е фудбалски велемајстор.

До крајот гостите се обидуваа да дојдат до бод, но сепак не успеаја. Да кажеме и тоа дека овој меч од ложата го проследи Ралф Рангик, новиот менаџер на Јунајтед.

Керик по овој меч му ги предаде “клучевите“ од тимот на Германецот.

ПретходноУдинезе водеше со 1:3, на крај во 90+9. минута се спаси од пораз, Нестор одново преседе на клупата!
СледноТомовски: Едноставно Кил ги казни нашите грешки!