Српскиот судија местач ќе оди во затвор 15 месеци и нема право да се врати во фудбалот 10 години

637

Апелацискиот суд во Нови Сад ја потврди одлуката за поранешниот судија и контролор Срѓан Обрадовиќ да биде исфрлен од фудбалот во следните десет години поради местење натпревари.

Да потсетиме, на Обрадовиќ му се судеше за злоупотреба на судиската позиција бидејќи на мечот меѓу Спартак од Суботица и Раднички од Ниш (2:0), го фаворизираше домашниот тим и досуди еден од најтрагикомичните пенали во историјата на српскиот фудбал.

Судијата од Јагодина веќе е првостепено осуден на 15 месеци затвор во Вишиот суд во Нови Сад.

ПретходноВардарци на тежок испит: Две гостувања и два месеци без победа во ЛШ
СледноПознат е составот: Вардар без Борко Ристовски и Анте Гаџа против Кил