Ѓорѓи Стоилов повеќе не е член на тимот на Зира. Играчот за врска го напушти прволигашот од Азербејџан, и реши да си замине од него по само шест месеци минати во овој клуб.
„Да, точно е дека си заминав и зимава ќе имам нов клуб. Ќе ги разгледам сите опции што ми се на располагање и ќе се одлучам за најдобрата за мене во моментов“ – изјави Стоилов за Спортмедиа.
Тој е екс играч на екипите на Хоризонт Турново и Академија Пандев, а има и завидна репрезентативна кариера пред се младинска но и сениорска.