Јане Николовски повеќе не е тренер на Борец

2233

Тимот на  Борец повторно останува без тренер. Откако претходно  беше сменет Борче Христов на почетокот на сезонава, еве сега и второто решение во Борец не минува што се вели. Јане Николовски повеќе не е тренер на Велешани. Така е одлучено предмалку во клубот каде што во моментов не „цветаат рози“, напротив.

Борец се соочува со проблеми од секаков вид, пред се од организациски тип, а потоа и од резултатски. Клубот е на претпоследното место на табелата со само осум освоени бодови, и иднина која е и тоа како несигурна барем што се однесува до прволигашкото друштво. Последната информација од Велес е дека тимот во моментов ќе го преземе тандемот Баже Левков – Марјан Герасимовски

 

ПретходноПо Манасков, Веспрем остана без уште еден клучен играч
СледноФК Вардар „згрми“ со соопштение: Премногу судиски грешки на наша штета