Светската јавност, пред се кошаркарската периодов беше зафатена со коментирање на ситуацијата помеѓу Никола Јокиќ и Маркиф Морис и нивниот дуел. Следуваше „реваншот“ во Флорида каде што гостуваше Денвер. Јокиќ имаше поддршка од неговите браќа Страхиња и Немања, кои очекуваа нова „битка“, но не очекуваа дека ќе имаат и „фамилијарна поддршка“.
Имено, на трибините во салата се појавија две девојки со маички на кои пишуваше „сестрите на Јокиќ“. Шега која секако е добредојдена откако целата ситуација се реши на мирен начин, затоа што немаше нов „дуел“ помеѓу Јокиќ и Морис.
Well, shoot your shot. pic.twitter.com/4XJpn9Rv5i
— Mike Singer (@msinger) December 2, 2021