Барселона ќе помине една година играјќи надвор од својот „Камп Ноу“ како дел од проектот, „Еспаи Барса“. „Марка“ пренесува дека Барселона во средата ги претставила плановите кои доколку бидат ратификувани од членовите, ќе доживее голема реконструкција на „Камп Ноу“ и околината, за што ќе бидат потребни четири години за да се заврши комплетниот проект. Тоа значи дека Каталонците ќе мора најмалку една сезона да играат на друг стадион.
Проектот „Еспаи Барса“ вклучува и продажба на правата за името на стадионот, а Барселона откри дека е во разговори со различни потенцијални партнери за договор кој се движи во период од 10 до 20 години.
Модернизацијата на „Камп Ноу“ се очекува да заврши во 2025 година.
Во првата година на работа, Барселона ќе продолжи да игра на стадионот, кој ќе биде со делумно затворање, а потоа во втората година ќе мора да се сели на друга локација.