Џенаро Гатузо, некогашниот тренер на нашиот Елиф Елмас во Наполи, би можел да стане селектор на Грција. Оваа вест по малку е и изненадување ако се знае дека некогашниот репрезентативец на Италија, некогашен фудбалер на повеќе познати клубови во Европа, се позврзуваше со клупата на Глазгов Ренџерс.
Грција би сакала да го има темпераментниот Италијанец за свој предводник во пресрет на квалификациите за ЕП 2024 и во Лигата на Нации, сепак колку е ова реална опција, останува да се види.