Ливерпул ќе му се „удри од глава“, Евертон подготвува отказ за Бенитез

236

Раководството на англиски Евертон планира да одржи итен состанок за да разговара за иднината на Рафаел Бенитез по разочарувачкиот пораз од Ливерпул со 4-1 во Премиер лигата синоќа.

„Карамелите“ имаа добар почеток на сезоната, но сега се наоѓаат на само пет бода од црвената зона, а таа разлика може да се намали доколку Барнли го победи Тотенхем.

Спортскиот новинар Руди Галети тврди дека е закажан итен состанок на одборот на директори за денеска, а Бенитез би можел да добие отказ пред мечот со Арсенал.

Данкан Фергусон, кој беше на чело на англискиот тим претходно како привремен тренер, би можел да ја добие улогата на привремен тренер доколку Бенитез добие отказ.

ПретходноСудии за ПМФЛ и ВМФЛ: Грујоски “главен“ во Струмица, Стојчевски на Воска – Силекс!
СледноНикола Ѓорѓиев го однесе АЦХ Волеј на чекор до осминафинале во ЦЕВ Челинџ Купот