Порто не успеа да се исправи по убедливите порази од ПСЖ. Португалскиот првак за кого настапува македонскиот репрезентативен голман, Никола Митревски беше совладан на гостувањето кај Барселона со 38-31 во рамките на деветото коло во Лигата на шампиони.
Каталонскиот гигант се врати по шокантните порази од Келце, одигра добро во првото полувреме кое го доби со 20-13. Митревски мечот го заврши со четири одбрани.
Келце пак по двете победи над Барса, падна пред ПСЖ, на гостински терен беше совладан со 32-27, во истата група, претходно Веспрем го растури Динамо со 47-32.
Лидерската позиција и натаму ја има полскиот тим, Веспрем е втор со 12 бода, следат ПСЖ и Барса со по 11 бода.