Екипата на Веспрем до крајот на оваа година ќе мора да се снаоѓа без услугите на еден од своите најдобри играчи, Петар Ненадиќ.
Српскиот ракометар се здобил со повреда на мускулот поради која ќе мора да паузира најмалку шест недели. Ова значи дека нема да може да му помогне на Веспрем за дуелите со Динамо Букурешт вечерва и против Фленсбург, последен од оваа календарска година во Лигата на шампиони.
Унгарскиот вицепрва се најде на големи маки, претходно остана без македонскиот репрезентативец, Дејан Манасков, кој ќе ја пропушти цела сезона.