Дејвис Куп репрезентацијата на Србија доцна синоќа се пласираше во полуфиналето на Дејвис купот, откако со пресврт ја совлада селекцијата на Казахстан со 2:1.
По стартниот пораз на Кецмановиќ од Кукушкин со 2:1 во сетови,следуваше победа на Ѓоковиќ против Бублик со 2:0, а решавачкиот бод за српскиот тим го обезбедија Новак Ѓоковиќ и Никола Чаќиќ во игра на двојки. Тие беа подобри од Андреј Голубјев и Александар Недовјесов со 6:2, 2:6, 6:3 за час и 39 минути.
Србија во петок од 16 часот во полуфиналето ќе игра против Хрватска. Во второто полуфинале Германија го чека подобриот од четврфиналните пресметки меѓу Русија и Шведска.