Супер – меч на “Олимпико“ во Рим. Лацио и Удинезе одиграа 4:4, и тоа во драматичен натпревар во кој имаше од се по малку, па и три црвени картони.
Треба да се каже дека Илија Несторовски одново не доби минутажа, целиот натпревар го преседе на клупата.
Гостите од Удине фантастично го започнаа мечот, Бето со двата гола веќе во 32.минута имаа водство од 0:2.
Имобиле намали на 1:2, но Удинезе одново преку Молина има водство од два гола разлика. Со тој резултат од 1:3 се замина на пауза.
Во вториот дел Лацио одигра многу подобро, и со головите на Педро, Милинковиќ-Савиќ и Ачерби дојде до 4:3.
И кога сите мислеа дека Лацио ќе победи, се играше 99 минута кога Арслан успеа да израмни за конечни 4:4.