Чави ги собра фудбалерите на заедничка вечера, но на крајот ја плати еден од играчите

3230

Фудбалерите на Барселона синоќа се собрале во ресторан во градот по иницијатива на новиот тренер Чави. На вечерата присуствувале сите играчи на Барселона, но и членови на стручниот штаб, а целта на Чави е дополнително да ја зајакне атмосферата во тимот пред натпреварот против Баерн кој се игра следната недела.

Интересно е што иако Чави ја организирал вечерата, друг на крајот ја платил. Младиот Педри кој и прв пристигнал во ресторанот, според „Мундо Депортиво“ сам ја платил сметката за да ги почести соиграчите и тренерите откако беше избран за најдобар млад играч на светот.

ПретходноКавани одлучи каде ќе продолжи!
СледноНов СУПЕР милионер во Тетово, два милионер џек пота во Куманово