Јанис погоди пред сирената, Дончиќ и Далас им се вратија на победите (ВИДЕО)

126

Фантастичниот Јанис Антетукумбо го предводеше Милвоки до уште една победа во регуларниот дел од сезоната. Синоќа на домашен терен, Бакс славеа со 127:125 против одличниот Шарлот, само поради одличната форма која ја денонстрира Гркот, кој погоди во последниот шут на две секунди пред крајот на мечот. Јанис средбата ја заврши со дабл-дабл од 40 поени и 12 скока.

По катастрофата на минатата средба, екипата на Далас синоќа како да имаше полесен тренинг на гостувањето кај Њу Орлеанс. Предводени од Лука Дончиќ, тексашаните славеа со 139:107, а Словенецот оствари дабл-дабл уште во првото полувреме на средбата. На крајот Дончиќ финишираше со 28 поени и 14 асистенции.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Њу Орлеанс – Далас 107:139

Орландо – Денвер 108:103

Индијана – Атланта 111:114

Вашингтон – Минесота 115:107

Бостон – Филаделфија 88:87

Мајами – Кливленд 85:111

Милвоки – Шарлот 127:125

Оклахома – Хјустон 110:114

ЛА Клиперс- Сакраменто 115:124

ПретходноСрбија закажа Дејвис Куп полуфинале против Хрватска
СледноСалах со еден потег кажа што мисли за неговиот пласман во изборот за „Златната топка“ (ВИДЕО)