Јокиќ нема само браќа има и две „сестри“ (ФОТО)

3605

Светската јавност, пред се кошаркарската периодов беше зафатена со коментирање на ситуацијата помеѓу Никола Јокиќ и Маркиф Морис и нивниот дуел. Следуваше „реваншот“ во Флорида каде што гостуваше Денвер. Јокиќ имаше поддршка од неговите браќа Страхиња и Немања, кои очекуваа нова „битка“, но не очекуваа дека ќе имаат и „фамилијарна поддршка“.

Имено, на трибините во салата се појавија две девојки со маички на кои пишуваше „сестрите на Јокиќ“. Шега која секако е добредојдена откако целата ситуација се реши на мирен начин, затоа што немаше нов „дуел“ помеѓу Јокиќ и Морис.

ПретходноГотово е, Рангник доби работна дозвола, дебитира против Кристал Палас
СледноЕриксен тренира со Оденсе