Јувентус веќе подготви две имиња за продажба во јануари

326

Играчот од средниот ред на Јувентус, Артур Мело може да го напушти тимот оваа зима, објави Газета дело Спорт.

Според изворот, Јуве може да направи таков чекор за да дојде до намалување на платите. Со него најверојатно ќе замине уште еден играч од средниот ред, Арон Ремзи.

25-годишниот бразилски интернационалец Артур оваа сезона одигра седум натпревари за Јуве во сите натпреварувања и не е во долгорочните планови на Алегри.

ПретходноРистовски и Адеми ќе имаат нов тренер, Крзнар си замина од Динамо (З)
СледноСрбија закажа Дејвис Куп полуфинале против Хрватска