Екипата на Оклахома Сити Тандер ќе остане запомнет по рекордниот пораз во НБА лигата. Имено, Оклахома изгуби од Мемфис со 79:152 и со тоа впиша рекорд во најсилната американска лига поради највисокиот пораз со 73 поени. Со тоа Мемфис ја впиша најубедливата победа.
Претходниот рекорд го држеше Кливленд кој на 17 декември 1991 го победи Мајами со 68 поени разлика (148:80).
Оклахома и минатата сезона доживеа сличен дебакл, тогаш изгуби со „само“ 57 разлика од Индијана иако во еден момент имаше и негатива од 67 поени.
Мемфис е во серија од три победи, додека Оклахома осми пат по ред е поразена.