Ден за паметење за македонската репрезентативка, Матеа Николиќ, ги постигна првите поени во женската НЦАА лига.
Николиќ од оваа сезона е член на Универзитетот Канзас. Нејзиниот тим славеше на дуелот против УТРВГ со убедливи 75:44 за шеста победа оваа сезона.
Македонската кошаркарка постигна три поени. Во игра мина девет минути, имаше 1/2 за два поени, 1/2 за еден поен и 0/1 за три поени. Николиќ додаде уште два скока, една украдена топка и една блокада.
Во редовите на Канзас дојде од италијанскиот тим, Стела Аѕура, беше најавена како големо засилување.