Норвежанецот Килде победи на Супер-Џи трката во Бивер Крик

174

Норвешкиот скијач Александар Амод Килде победи на вториот супервелеслалом во новата сезона на Светскиот куп во алпско скијање.

Килд стигна до својата седма победа во Светскиот куп, четврта во супервелеслалом и прва во Бивер Крик, со стартен број шест, поставувајќи време 1:10.26 минути. Одермат заврши како втор со само три стотинки заостанување зад Килд, иако имаше 12 стотинки предност на последното мерно место.

Третото место го освои Американецот Тревис Ганонг, кој заостана 37 стотинки зад победникот.

ПретходноРеакција од Баерн: Со Барса ќе играме без гледачи, ова е голем удар за нас!
СледноЃоковиќ „збесна“, Модриќ му се смееше (ВИДЕО)