Официјално: Милан без Кјаер најмалку шест месеци!

136

Она што вчера само се шпекулираше, од предмалку е и официјално. Имено раководството на Милан излезе со официјално соопштение на своите социјални мрежи и потврди дека сезоната за Симон Кјаер е завршена.

Имено денеска врз него била извршена атроскопска операција врз вкрстените лигаменти на левото колено. Истата минала во најдобар ред, но дека стоперот од Данска го чека пауза од најмалку шест месеци.

Секако дека ова е голем удар за шампионските амбиции на клубот од Милано кој оваа сезона атакува на титулата во Серија А во конкуренција на Наполи и градскиот ривал Интер.

Дефанзивата на Милан без Кјаер секако ќе биде ослабена.

ПретходноЈуве следната сезона ни Европа нема да ја види!
СледноЛапорта ќе го продаде името на „Камп Ноу“ за 30 милиони евра годишно