Рангник: Сакаме да победуваме, и не смееме да примаме многу голови

272

Со прес конференција во 09:00 часот новиот менаџер на тимот на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник го започна својот мандат на Олд Трафор. На малку неприроден начин со пред рано наутро, Германецот сакаше веројатно да ги разбие ветриштата во Јунајтед и да стартува со нешто ново.

„Ова е веројатно најраната прес конференција и за мене и за вас. Сакам да порачам дека сум среќен што сум овде и што ќе работам во така голем клуб. Да Јунајтед е голем клуб, но имам веќе такво искуство. Во Шалке 04 имав слична ситуација“ – рече Рангник па додаде.

„Манчестер има голем број на талентирани играчи, квалитетни но мора да се направи баланс. Не смееме да примаме голови како на пример вчера. Да победивме на мечот против Арсенал, но за тоа ни беа потребни три гола затоа што примивме два. Како менаџер не сакате да ви се слулува тоа секој викенд“- рече менаџерот на Јунајтед па поеинтраше.

„Да јас сум свесен дека мојата улога во Манчестер во моментов е привремена, и дека клубот бара трајно решение. Но, доколку работите одат добро, како на пример за мене во Лајпциг тогаш нема да има проблем иста ва оваа соработка да биде продолжена на уште една година. Управата и јас имаме слични размислувања. Екипата е многу квалитетна и може да се натпреварува на највисоко ниво. Водечката тројка во Премиер лигата е доста стабилна, сите имаат квалитетни добри менаџери. КОга Јирген Клоп го презема Ливерпул, таа екипа сигурно не беше поквалитетна од оваа на Јунајтед“ – изјави Рангник.

ПретходноЕриксен почна да тренира во неговиот матичен клуб
СледноЛеброн конечно негативен и ќе биде дел од дербито против Клиперси