СП: Словенките ја декласираа Црна Гора, Србија почна со победа над Полска

175

Ракометарките на Словенија извојуваа изненадувачки висока и убедлива победа над селекцијата на Црна Гора во премиерното коло од групната фаза на Светското првенство во Шпанија. Во мечот од групата „А“ Словенките славеа со 28:18 и најавија дека имаат состав за поголеми дострели на овој ракометен мундијал.

Предводени од екс-селекторот на Црна Гора, Аџиќ, Словенките уште во првите 10 минути ја направија разликата, која умешно знаеја да ја надоградат и чуваат до крајот на мечот. Радичевиќ со 7 гола беше единствената светла точка кај Црногорките, додека кај Словенија 6 гола постигна Грос.

Србија стартуваше со победа над Полска од 25:21 во рамките на групата „Б“. Извонредна партија кај Србинките имаа Јанушевиќ со 7 и Стоиљковиќ со 6 гола. На останатите денешни средби неизвесност скоро и да немаше. Фаворитите беа немилосрдни кон ривалите.

ГРУПА „А“

Франција – Ангола 30:20

Црна Гора – Словенија 18:28

ГРУПА „Б“

Србија – Полска 25:21

Русија – Камерун 40:18

ГРУПА „Ц“

Романија – Иран 39:11

Норвешка – Казахстан 46:18

ГРУПА „Д“

Холандија – Портотико 55:15

Шведска – Узбекистан 46:15

ПретходноНема нови договори: Челзи може да остане без цела дефанзивна линија
СледноЃоковиќ не може сам: Хрватска е прв финалист во Дејвис Купот