Кошаркарите на Црвена звезда го совладаа Зенит со 69:58 во еден од најинтересните мечеви од 13. коло на Евролигата кои беа на програмата вечерва.
„Црвено-белите“ со оваа победа успеаја да ја прекинат лошата серија од три врзани порази и пет порази на гостински терен. Во меч во кој белграѓани ја има аконтролата скоро од почеток до крајот на мечот, најефикасни беа Волтерс со 14 и Калиниќ и Кузмиќ со по 11 поени. Кај Зенит добра партија имаше Мики со 16 поени.
На преостанатите два завршени меча видовме вистинска драма. Во Казан, Уникс не успеа како домаќин да го добие Олимпијакос, иако играше одлично три четвртини, па во последната мораше да се бори за реми и продолженија. Во нив Грците беа поумешни и дојдоа до победа од 84:87.
Продолженијата го одлучуваа и победникот во Истанбул. Анадолу Ефес имаше брилијантно прво полувреме во кое водеше со 47:37, но во вториот дел Барселона го крена темпото на игра и дојде во водство. Во финишот кога се чинеше дека Каталонците ќе заминат како победници, на сцена стапија Мициќ и Ларкин кои обезбедија продолженија. Во нив Барса во неколку наврати имаше и +6, за на крај тесно да слави со 93:95.