Без драми во Битола, Е. Пелистер фуриозно против Тиквеш

173

Е. Пелистер дојде до 12 победа во Супер-лигата, откако на домашен терен го совлада Тиквеш со убедливи 25-16 (15-5) во рамките на 13 коло. Избраниците на Жељко Бабиќ брзо го решија името на победникот, поведоа со 11-3 во 22 минута. Кавадарчани беа рамноправен противник само на стартот, по 3-3 во седмата минута застанаа, тешко одеше нападот, четвртиот гол го дадоа 13 минути подоцна. По 15-5 на одморот, битолчани продолжија во ист ритам, доминираа на теренот, без проблем го привршија дуелот во своја корист. Е. Пелистер од утре ќе се свртат кон подготовка за мечот со Спортинг во рамките на Европската лига на домашен терен закажан за во вторник.

Ненад Костески со осум и Матео Мараш со четири гола, беа први стрелци кај победникот, додека кај Тиквеш, Стефан Дрогришки имаше пет гола.

ПретходноПеп е воодушевен од Влаховиќ, го сака уште во јануари во Сити!
СледноЈуве следната сезона ни Европа нема да ја види!