И натаму не стивнуваат реакциите во фудбалскиот свет по повод доделувањето на „Златната топка“ на Лео Меси. Посебно се огорчени некогашните соиграчи на Роберт Левандовски, јавноста во Германија и секако сите во Баерн Минхен. Тие сметаат дека Полјакот, а не Меси, требало да ја добие оваа награда.
Па така денеска се огласи и Џером Боатенг, довчерашниот соиграч на Левандовски, со кого во Баерн Минхен мина дури седум сезони и заедно освоија многу пехари и титули.
“Ако се избира кој е најдобар фудбалер во светот, тогаш тоа јасно е дека се Лео Меси и Кристијано Роналдо. Но ако се избира кој фудбалер во текот на една година бил најдобар, со сите статистики и бројки, тогаш Лева навистина нема конкуренција. И што треба тој да стори за да конечно го добие ова признание? Да стои на глава или пак да дава голови од центар? Навистина не ми е јасно зошто Лева не ја доби „Златната топка““ се прашува Боатенг.