Во Кавадарци два меча без публика, Стојановиќ и Младеновиќ на „ладење“

834

Инцидентот кој се случи на ракометниот натпревар помеѓу екипите на Тиквеш и Охрид доби рзрешница. Дисциплинската комисија на РФМ донесе одлука за клубот од Ка вадарци следните два меча да ги игра без публика, а од друга страна гостинскиот тренер Раде Стојановиќ и  ракометарот Михајло Младеновиќ се суспендирани.

Инцидентот се случи по завршувањето на мечот, кој Тиквеш инаку го доби но настана гужва во која беа вклучени публиката и Стојановиќ односно Младеновиќ.

По прегледувањето на видео-снимката беше донесена одлука Тиквеш наредните два натпревари ќе ги одигра пред празна публика. Покрај тоа, кавадарчани ќе треба да платат 60.000 денари поради инцидентот.Раде Стојановиќ доби суспензија од еден натпревар, а Михајло Младеновиќ ќе мора да паузира два натпревари, за своето учество во инцидентот, одлучија „дисциплинците“.

ПретходноПочина легендата на фудбалот во Србија, Момчило Моца Вукотиќ
СледноВознемирувачко видео: Неговиот тим постигна гол, тренерот почина на терен (ВИДЕО)