Ериксен почна да тренира во неговиот матичен клуб

128

Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен доби одобрение и може да започне со лесни тренинзи. Ериксен веќе почнал да тренира со топка на терените на Оденсе, пренесува италијанската Gazzetta dello Sport.

Да потсетиме, Ериксен падна на теренот за време на мечот Данска – Финска минатото лето на ЕП 2020. Ериксен потоа помина неколку дена во болница и му беше поставен дефибрилатор на срцето, поради што кариерата не може да ја продолжи во Италија, бидејќи беше член на Интер.

Ериксен не се откажува и сака повторно да биде на теренот па се погласно е дека тој ќе се врати во Ајакс бидејќи во Холандија има право да игра со вграден дефибрилатор.

Во моментот е на рехабилитација во Данска, а доби одобрение од лекарите да почне со полесни тренинзи во својот прв клуб Оденсе.

Тој тренира во неговиот матичен клуб Оденсе. Во моментов најмногу трча, но има и вежби со топка или удари кон голот. Работи на подобрување на физичката кондиција и моториката, трча, работи некои вежби со топка како и шутирање.

ПретходноЧЕТВРТО КОЛО ВО НАГРАДНАТА ИГРА ИГРАЈ БЕЗ НЕРВОЗИ И МЕРЦЕДЕС ВОЗИ
СледноРангник: Сакаме да победуваме, и не смееме да примаме многу голови