Жозе лут на судиите, нема да дава изјави пред мечот со Интер

105

Поради бес кон судиите и нивните одлуки, тренерот на Рома Жозе Мурињо нема да се појави на прес-конференцијата пред мечот со поранешниот клуб Интер. Натпреварот е закажан за во сабота на „Олимпико“ од 18:00 часот. „Волчицата“ ќе влезе во дуел со шампионот по поразот со 1:0 од Болоња, а на тој меч Тами Абрахам и Рик Карсдорп добија жолти картони поради тоа што ќе го пропуштат важниот меч со „нероаѕурите“. Мурињо протестираше против судиите, тој посочи дека бил принуден да менува играчи со цел тие да не добијат жолти картони па да бидат суспендирани за следниот меч.

Мурињо ќе има големи проблеми со играчкиот кадар за претстојниот меч. Пелегрини и Спинацола се повредени и ќе ги нема на терените до крајот на годината, Виљар и Афена-Гијан се позитивни на Ковид-19. Плус некои играчи се суспендирани поради картони, па така Мурињо ќе биде под голем притисок на мечот со Интер.

 

ПретходноСари: Играме хаотично, се уште не личиме на екипа
СледноЧЕТВРТО КОЛО ВО НАГРАДНАТА ИГРА ИГРАЈ БЕЗ НЕРВОЗИ И МЕРЦЕДЕС ВОЗИ