Историска бламажа: Оклахома изгуби со 73 поени разлика!

499

Екипата на Оклахома Сити Тандер ќе остане запомнет по рекордниот пораз во НБА лигата. Имено, Оклахома изгуби од Мемфис со 79:152 и со тоа впиша рекорд во најсилната американска лига поради највисокиот пораз со 73 поени. Со тоа Мемфис ја впиша најубедливата победа.

Претходниот рекорд го држеше Кливленд кој на 17 декември 1991 го победи Мајами со 68 поени разлика (148:80).

Оклахома и минатата сезона доживеа сличен дебакл, тогаш изгуби со „само“ 57 разлика од Индијана иако во еден момент имаше и негатива од 67 поени.

Мемфис е во серија од три победи, додека Оклахома осми пат по ред е поразена.

 

ПретходноТомовски: Едноставно Кил ги казни нашите грешки!
СледноМајкл Керик по 15 години го напушти Манчестер Јунајтед