Матеа Николиќ ги постигна првите поени во НЦАА Лигата!

457

Ден за паметење за македонската репрезентативка, Матеа Николиќ, ги постигна првите поени во женската НЦАА лига.

Николиќ од оваа сезона е член на Универзитетот Канзас. Нејзиниот тим славеше на дуелот против УТРВГ со убедливи 75:44 за шеста победа оваа сезона.

Македонската кошаркарка постигна три поени. Во игра мина девет минути, имаше 1/2 за два поени, 1/2 за еден поен и 0/1 за три поени. Николиќ додаде уште два скока, една украдена топка и една блокада.

Во редовите на Канзас дојде од италијанскиот тим, Стела Аѕура, беше најавена како големо засилување.

ПретходноСлучајот Пен го разбрани тенисот, ВТА ги откажа сите турнири во Кина
СледноПо бизарниот гол на Арсенал реакциите погласни – зошто судијата не свирна ништо?