Мајкл Керик по 15 години го напушти Манчестер Јунајтед

860

Еден од поранешните играчи на Манчестер Јунајтед Мајкл Керик се збогува со клубот после 15 години. Откако ја заврши играчката кариера Керик работеше како тренер, му беше асистент на Оле Гунар Солскјер но по неговото заминување седна привремено на клупата.

Успеа донекаде да ја стабилизира екипата, прво 2:0 против Виљареал во ЛШ, потоа 3:2 против европскиот првак Челзи, а вчера со истиот резултат го совлада и Арсенал.

Меѓутоа по мечот изјваи дека е крај, затоа што не сака да му смета на новиот тренер Ралф Рагник.

Времето кое го поминав во Манчестер ми е најдоброто во кариерата. Кога пред 15 години го потпишав првиот договор ни во најлудите соништа не можев да замислам дека ќе освојувам трофеи, а секако никогаш нема да ги заборавам фантастичните спомени како играч и дел од стручниот штаб“, изјави Керик.

Уште кога играв и ветив на сопругата, ќерката и синот дека по завршувањето на кариерата ќе водам нормален живот и дека ќе се исклучам од фудбалот. А потоа влегов во тренерските води. Тоа е сериозна работа. Затоа ова (победата над Арсенал) е совршен начин да се збогувам. Ќе продолжам да навивам за Јунајтед и онака синот постојано ме прашува кога ќе го однесам на некое гостување“, додаде некогашниот англиски репрезентативец.

ПретходноИсториска бламажа: Оклахома изгуби со 73 поени разлика!
СледноПо половина век Атлетико стана шампион на Бразил!