Металург не запира, ги „расчисти“ и прилепчани

132

Металур фати залет. Откако го победи Пролет и го принуди да го смени тренерот, вечерва „расчисти“ уште еден стар должник. Тимот од Автокоманда на домашен терен го совлада Прилеп со убедливи 35-27 во рамките на 13.коло во Супер-лигата.

За избраниците на Иван Марковски ова беше шеста победа, важна во битката за местата кои водат во плеј-офот.

Ракометарите на Металург доминираа во рекот на целиот натпревар, поведоа со 4-1, па дојдоа на плус четири (10-6), најголемата позитива во овој дел беше пет гола (13-8). На одморот предноста беше четири гола (17-13).

Прилепчани не успеаја да се вратат, негативата растеше. Озтурк, Костадинов, Хорват, Петковски и Лазаревски беа нерешлива енигма за противникот, не дозволија дуелот да има поинаков тек. Во последните три минути Металург поведе со 34-24.

Озтур имаше осум гола, Лазаревски седум, Хорват шест, додека Петковски и Костадинов запишаа по пет гола. На другата страна Милошески постигна 12 гола, премлку за победа.

ПретходноЛапорта ќе го продаде името на „Камп Ноу“ за 30 милиони евра годишно
СледноЦ. Звезда ја прекина серијата порази, драмата во Истанбул со среќен крај за Барса