Мурињо во традиционална носија ги пречека гостите од Узбекистан

638

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, облече традиционална узбекистанска носија за да ја импресионира узбекистанската делегација која денеска била гостин на италијанскиот клуб.

Гостите беа во градот за да се сретнат со напаѓачот на Рома, Елдор Шомуродов, кој е репрезентативец на Узбекистан, а кој потпиша од Џенова во Рома уште во август.

Делегацијата од Узбекистан на „Специјалниот“ му подарила традиционален нож наречен пичок.

Узбекистан моментално ја слави својата 30-годишнина по распадот на Советскиот Сојуз.

ПретходноБоатенг: Што треба Лева да стори за да ја добие „Златната топка? Да стои ли на глава?
СледноНема нови договори: Челзи може да остане без цела дефанзивна линија