По бизарниот гол на Арсенал реакциите погласни – зошто судијата не свирна ништо?

1050

Поделени се мислењата околу бизарниот гол на мечот меѓу Манчестер Јунајтед и Арсенал. Некои сметаат дека судијата морал да го прекине мечот, некои велат дека арбитарот не ги прекршил правилата и дека голот е регуларен. Дури и фудбалски експерти објаснуваат дека главниот судија Аткинсон правилно постапил.

За што се работи. По корнер на Арсенал и мешаница пред голот на Јунајтед, Фред го згазнал Де Геа. Шпанскиот голман падна да се превиткува, а акцијата продолжи по што Емил Смит-Роу шутна од далечина и ја погоди мрежата. А целото тоа време Фред сигнализирал за повреда на Де Геа.

Судијата Мартин Аткинсон го призна голот и покрај силните реакции на фудбалерите на Манчестер Јунајтед.

Според правилата, судијата мора да го прекине натпреварот во случај на сериозна повреда на играчот (но може да го продолжи ако процени дека повредата не е сериозна). За голманите играта се прекинува и им се укажува лекарска помош затоа што за разлика од фудбалерите не можат да бидат испратени надвор,а  играта да продолжи.

Но Аткинсон не ја виде ситуацијата – ВАР го погледна моментот и го призна голот. Аткинсон во моментот на шутот го доближи свирчето до устата, но потоа го тргна, па играта продолжи.

Англискиот премиерлигаш ја објасни одлуката на судијата – го цитира Би-Би-Си во тексуалниот пренос.

Имаме објаснување од Премиер лигата. Судијата свирна откако топката ја мина гол линијата. ВАР ја прегледа ситуацијата за фаул врз Де Геа. Контактот е очигледен, но е од страна на соиграчот, па голот може да се брои“.

И поранешниот судија Марк Клатенбург слично размислува:

Аткинсон мораше да го признае голот затоа што Фред ја згазна ногата на Де Геа – не е прекршок од страна на играч на Арсенал. Судијата не свирна и со право, голот може да се смета за регуларен“.

Фановите на Јунајтед сметаат дека голот е регуларен и го „распнаа“ Де Геа.

„Тој е професионален кловн“, „Голот е грешка на Де Геа. Нема шанси тој да биде толку сериозно повреден во таа ситуација. Тој е професионалец, мораше да издржи 10 секунди“, „Веднаш легна. Веднаш седна да се превиткува. Не издржа ни неколку секунди“… беа дел од коментарите на социјалните мрежи.

ПретходноМатеа Николиќ ги постигна првите поени во НЦАА Лигата!
СледноСари: Играме хаотично, се уште не личиме на екипа