И официјално на мечот од Лигата на Шампионите меѓу Баерн Минхен и Барселона, кој се игра на 8 декември, нема да има присуство на гледачи на „Алианц Арената“. Ова е одлука на покраинската влада на Баварија, која поради новонастаната ситуација со короната се чини мораше да презеде вакви рестриктивни мерки. Секако дека тоа не им е по волја на луѓето во Баерн Минхен кои сакаа да ја пречекаат Барса пред преполни трибини.
“Ова е голем удар за нас“ вели потпретседателот на “баварците“ Јан-Кристијан Дресен…
“Без нашите фанови на стадионот, фудбалот е само половина убав колку што може да биде. Да не зборувам за финансиските последици“ заврши тој.