Сари: Играме хаотично, се уште не личиме на екипа

230

Тренерот на Лацио Маурицио Сари  беше задоволен од тоа како неговиот тим се врати во дуелот со Удинезе, но ги критикуваше своите играчи за хаотичната игра во првото полувреме. „Орлите“ имаа негатива од 1:3, но направија пресврт за 4:3, по што дозволија изедначување во 99 минута за конечни 4:4 во спектаклот на „Олимпико“.

Нашето прво полувреме беше хаотично, можеби уште бевме погодени од падот против Наполи. Стигнавме до 3:3 по што останавме со 10 играчи на теренот. Потоа и тие добија црвен картон и ние поведовме со 4:3. Дозволивме изедначување од фаул кој беше свирнат за погрешната екипа бидејќи е јасно дека Сопи го држи нашиот играч.

Има негативни и позитивни аспекти на овој натпревар. Задоволен сум од нашата реакција во вториот дел. Покажавме карактер и желба да се вратиме во мечот, додека во првото полувреме немавме поим што правиме. Проблемот е што не треба да реагираме на такви тешкотии. Мора да има доследност во нашите настапи, пристап и концентрација. Наместо тоа, има натпревари на кои само залудно трчаме. Станува збор за ментално исклучување“, рече Сари по мечот кој додаде дека тимот продолжува да игра топло-ладно.

Има моменти кога играме тимски, но не го правиме тоа постојано. Правиме премногу грешки во одбраната, но не се виновни само нашите дефанзивци, бидејќи дозволувањето контранапади покажува дека нашите играчи од средниот ред не ја додаваат топката како што треба.
Тим кој не е солиден може да биде казнет. Токму тоа се случи вечерва. Имаме уште многу тешкотии. Понекогаш ми се чини дека сме усвоиле одредени концепти, но на следниот натпревар гледам дека не сме го направиле тоа. Сè уште не сме дефинирани како тим.

Треба да направиме нешто на трансфер пазарот, тоа е неспорно. Вечерва моите играчи беа многу помотивирани во однос на натпреварот против Наполи. Сепак, можеби бевме загрижени по падот на тој натпревар или сакавме брзо да ги свртиме работите, па постапивме на хаотичен начин. Во неделата видов поинаков однос кон тоа“, изјави Сари.

ПретходноПо бизарниот гол на Арсенал реакциите погласни – зошто судијата не свирна ништо?
СледноЖозе лут на судиите, нема да дава изјави пред мечот со Интер