Случајот Пен го разбрани тенисот, ВТА ги откажа сите турнири во Кина

546

Стив Сајмон, првиот човек на Меѓународната тениска асоцијација за тенисерки (ВТА) соопшти дека се суспендирани сите турнири кои треба да се одржат во Кина, вклучувајќи го и оној во Хонг Конг поради случајот со тенисерката Шуаи Пен.

Таа на 2 ноември преку социјалните мрежи откри дека била сексуално злоставувана од поранешниот премиер на Кина Џан Гаоли. По изјавата таа целосно исчезна и не е достапна за јавноста која бара одговори.

Најавувам итна суспензија на сите ВТА турнири во Кина, вклучително и Хонг Конг. Не гледам како можам да побарам од нашите играчи да учествуваат на турнири, кога на Пен Шуаи не ѝ е дозволено слободно да комуницира и кога е под притисок да ги откаже своите наводи за сексуална злоупотреба“, напиша претседателот на ВТА.

Машката тениска асоцијација (АТП) засега ја следи ситуацијата на страна и се уште нема одлучено дали ќе ги продолжи турнирите во Кина.

Пен, која е поранешна светска тенисерка број 1 во парови, по неколку дневно бегство од јавноста се појави на турнир на тениски таленти во Пекинг. Но не кажа ништо повеќе околу обвинувањата.

„Ситуацијата околу Пен Шуаи продолжува да биде нејасна и со тоа го става под притисок тенискиот спорт. Во моментов недостасува одговор на овие сериозни обвиненија. Ја следиме ситуацијата, таа е нејасна па ќе видиме што понатаму“, соопштија од АТП.

Во меѓувреме претставници на МОК (Меѓународниот олимписки комитет) сооштија дека ќе се сретнат лично со кинеската тенисерка во јануари идната година.

ПретходноДенеска супер тенис: Србија против Хрватска во полуфинале на Дејвис купот
СледноМатеа Николиќ ги постигна првите поени во НЦАА Лигата!