Унион Берлин им ги скрати „крилата“ на гостите од Лајпциг (ВИДЕО)

101

По системот „топло-ладно“, Унион Берлин вечерва ја прокнижи и шестата сезонска победа во Бундеслигата. Пред своите навивачи, популарните „работници“ од Берлин славеа над фаворизираниот РБ Лајпциг и успеаја да се пробијат до 4. место на табелата, барем додека не започнат утрешните дуели од тековното 14. коло.

Со голот на Авонији уште во 6. минута У. Берлин поведе со 1:0, но многу брзо во 13. минута со голот на Нкунку гостите израмнија.

Одлучувачки момент на средбата беше 57. минута, кога Тимо Баумгартл погоди за ново водство, што на крајот значеше и победа за домашните.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноЃоковиќ не може сам: Хрватска е прв финалист во Дејвис Купот
СледноРеакција од Баерн: Со Барса ќе играме без гледачи, ова е голем удар за нас!