Ѓоковиќ не може сам: Хрватска е прв финалист во Дејвис Купот

207

Тениската репрезентација на Хрватска е првиот финалист во Дејвис Купот. По голема борба, Хрватска со 2:1 во партии ја победи Србија и се избори за пласман во големото финале.

Решавачката победа на Хрватите им ја донесе најдобриот светски пар Мате Павиќ-Никола Мектиќ, кој со 7:5, 6:1 ги победи Новак Ѓоковиќ и Филип Краиновиќ.

Србија остана без шанса да се бори за втората титула во натпреварувањето, по освоената во 2010 година. Од друга страна, Хрватска и се реваншираше на Србија за поразите во Сплит во 2010 година и Краљево во 2015 година и со тоа доби шанса повторно да стигне до трофејот по оние во 2005 и 2018 година.

ПретходноСП: Словенките ја декласираа Црна Гора, Србија почна со победа над Полска
СледноУнион Берлин им ги скрати „крилата“ на гостите од Лајпциг (ВИДЕО)