Јирген Клоп: Не можете да ја освоите титулата во ноември и декември, но можете да ја изгубите

281

Викендов во Премиер лигата се игра 15. коло, а во него тимот на Ливерпул гостува кај Вулверхемптон. На официјалната прес конференција пред мечот, менаџерот Јирген Клоп уште еднаш ја објасни моменталата ситуација во која се наоѓа неговиот тим и на кој начин тој се справува со притисокот да се биде во битка за титулата.

„Неверојатно е колку треба да си добар за да победиш натпревар во лигата. Ова е првенство на највисоко ниво. Не можеш да ја освоиш титулата во ноември и декември, но веројатно може да ја загубиш. Битката за титулата е возбудлива. Не ги гледам натпреварите на Манчестер Сити или Челзи со надеж дека ќе загубат. Има многу натпревари за играње. Ајде да се фокусираме на следниот сега“. –  изјави Клоп.

Ливерпул има пред себе 9 натпревари во следните 28 дена.

„ Навикнати сме на тежок распоред.Ќе видиме како ќе биде на средина или на крајот на декември.Тоа е лудост,тоа било лудило и секогаш ќе биде.Се е во и полека стигнуваме до Божиќ. Го разбирам ова, но навистина е тешко до крајот на декември“, коментира Клоп.

ПретходноХристов: Јас сум оптимист, Работнички може да ја победи Ренова!
СледноСтруга ТЛ во полуфиналето на Купот ќе биде домаќин!